Резултатите од претседателските избори во Трансдњестар, во среда

Игор Смиров, претседател на Трансдњестар

Изборните органи на самопрогласената република Трансдњестар соопштија денеска дека прелиминарните резултати од вчерашните претседателски избори, ќе бидат објавени во среда. Одлагањето на резултатите се објаснува со големиот број приговори од кандидатите и од гласачи. Според анкетите од гласачките места, сегашниот претседател Игор Смирнов, победил, но освоил нешто под 50 насто од гласовите, поради што ќе биде потребно одржување и втор круг. Трансдњестар, по кратката војна во 1990-та година, прогласи независност од Молдавија, но досега никој не го признал како независна држава.