Медведев против повторување на парламентарните избори

Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека не се согласува со барањата за повторување на парламентарните избори во Русија. Но, на неговиот Фејсбук профил, Медведев напишал дека побарал да се проверат тврдењата за изборни малверзации на некои гласачки места. За неколку часа, Медведев добил илјадници, главно негативни коментари.
Во саботата десетици илјади луѓе протестираа во Москва со барање да бидат поништени парламентарните избори од 4-ти декември.