Кинеските лидери ги договараат економските политики

Највисоките кинески лидери го започнаа годишниот состанок за економско планирање, на кој треба да бидат утврдени политиките за подршка на економскиот раст и за држење на инфлацијата под контрола. Политбирото, најмоќното тело на Комунистичката Партија, на состанокот во минатата недела соопшти дека планот е да продолжи “мудрата” монетарна политика, контролата на растот на цените и про-активно трошење за промоција на растот.