Гилани - Блокадата за конвоите на НАТО ќе трае уште неколку недели

Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани.

Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани изјави дека блокирањето на конвоите на НАТО од Пакистан кон Авганистан може да продолжи уште неколку недели.

Пакистан го затвори граничниот премин клучен за снабдување на силите на НАТО во Авганистан пред две недели во знак на протест поради убиството на 24 пакистански војници во американски воздушен напад на пакистанско-авганистанската граница. НАТО се извини за нападот, додека САД го оценија како трагедија.

На прашањето на Би-Би-Си, дали верува дека нападите биле намерни и планирани, тој одговори: „Се чини дека е така“.

Тој исто така одбива да ја повлече одлуката за затворање на пакистанскиот воздушен простор за САД.

Гилани изјави дека е потребна поголема доверба меѓу САД и Пакистан.