Нов уапсен за ксенофобичните убиства во Германија

Архивска фотографија: Приврзаници на Неонацистичката партија НПД маршираат во Берлин.

Германската полиција уапси еден 36-годишен маж осомничен дека имал врски со неонацистичката банда што е обвинета за убиствата на деветмина емигранти. Човекот е уапсен во неговиот дом во Источна Германија, откако обвинителството соопшти дека доказите сугерираат оти одржувал врски со Национал-социјалистичкото подземје – терористичка организација за која се верува дека стои зад убиствата на осуммина Турци, еден Грк и една германска полицајка во периодот од 2000 до 2007 година. Уапсениот е осомничен дека и овозможил на групата фалисификувани документи и оти им помогнал да „ги извршат терористичките напади и да останат неоткриени“.