Иран нема да го врати заробеното американско беспилотно летало

Снимки од собореното беспилотно летало емитувани на иранската телевизија.

Иран нема да го врати заробеното американско беспилотно летало, изјави генерал Хосеин Салами од иранската Ревлуционерна гарда. Тој рече дека нарушувањето на иранскиот воздушен простор од американското беспилотно летало претставува „непријателски акт“. Иран тврди дека го соборил леталото, околу 200 километри од границата со Авганистан на иранска територија. Американските власти признаа дека изгубиле едно летало.