Хејг ја поздрави одлуката за приближување на Западен Балкан кон ЕУ

Вилијам Хејг

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг ја поздрави одлуката на Самитот во Брисел за приближување на земјите од Западен Балкан кон Европската унија, јави дописникот на МИА од Лондон. Во изјавата на Форин-офисот, Хејг вели дека Велика Британија „срдечно ја поздравува Хрватска во ЕУ“, објаснувајќи го потпишувањето на договорот за пристапување, како „историски момент“. Во изјавата Велика Британија го поздравува решението на Европскиот совет да го признае напредокот на Србија во текот на оваа година. Министерот Хејг порача Владата во Белград енергично да продолжи по тој пат, преземајќи чекори за натамошно нормализирање на односите со Косово.