Авганистан: Карзаи нема да бара трет мандат

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи немал тајни планови да го менува уставот на земјата со цел да остане трет мандат на таа функција. Ова денеска го изјави неговиот портпарол Ајмал Фејзи со што ги демантира наводите на странските медиуми кои цитираат документи на Германската агенција за разузнавање дека Карзаи барал специјални отстапки за да остане на власт и по завршувањето на воениот ангажман на НАТО во 2014 година.