Предавање на Нобеловите награди

Трите жени кои годинава ја поделија Нобеловата награда за мир денеска и официјално ќе ја преземат на соодветна церемонија во Осло. Либериската претседателка Џонсон Сирлиф, либеријската активистка Лејман Гбове и јеменската активистка Тавакол Карман ќе добијат златни медали и третина од паричниот дел на наградата што изнесува скоро милион ипол долари. На одвоена церемонија во Стокхолм ќе бидат доделени и другите годинашни Нобелови награди.