Лидерите на ЕУ за заострување на санкциите против Иран

Лидерите на Европската Унија повикаа на заострување на санкциите против Иран до крајот на јануари со зел да се зголеми притисокот врз Техеран да се откаже од нуклеарната програма. Тие ги задолжија своите министри за надворешни работи да ги прошират постоечките санкции против Иран, кои вклучуваат замрзнување на сметките и забрана за патување на оние иранци што се вклучени во нуклеарните активности.