Турција - Сирија ја загрозува регионалната безбедност

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави денеска дека Турција не сака да се меша во внатрешните работи на Сирија, но додаде дека не може да остане настрана, доколку безбедноста на регионот е изложена на ризик.
Тој додаде дека Турција има одговорност и право да му каже „доста“ на Дамаск, доколку ја изложува на ризик турската безбедност, со тоа што се бори против сопствениот народ и го принудува да бега на турска територија.