Иран со протест до САД за безпилотното летало

Иран денеска упати протест до Соединетите Држави за нарушување на неговиот воздушен простор од американско безпилотно летало. Иранскиот амбасадор во Обединетите Нации, Мухамед Казаи испратил писмо до Советот за Безбедност и до Генералното Собрание со кое бара да бидат осудени ваквите акти и да бидат спречени во иднина. Според НАТО, безпилотното летало веројатно по грешка залутало по мисијата над западен Авганистан. Иран тврди дека станува збор за шпионска мисија и оти паднало 200 километри од границата со Авганистан.