Сиријската опозиција предупредува на можен масакр во Хомс

Хомс, Сирија 08.12.11

Сиријската опозиција тврди дека илјадници режимски сили го опколиле градот Хомс во офанзива за конечно задушување на противниците на владата. Опозициониот сиријски национален совет соопшти дека приврзаниците на претседателот Башар Ал Асад извршиле напад врз нафтоводот, како вовед во офанзивата врз градот Хомс и масакрот што ќе следува.