Србија бара да не се поставуваат барикади на Северно Косово

Барикадите на Северно Косово

Српската Влада побара од граѓаните да не поставуваат нови барикади во северниот дел на Косово, бидејќи тоа е спротивно на интересите на Србија, изјави координаторот на Владата за односи со медиумите Слободан Хомен.
Владaта смета дека Србија ги исполнила сите услови за да добие кандидатски статус за членство во ЕУ на денешниот состанок на Советот на Унијата.
Граничниот премин Брњак вчера повторно беше блокиран.