Меркел и Саркози бараат поддршка за планот за буџетска дисциплина

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Николас Саркози.

Францускиот претседател Николас Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел побараа од нивните европски колеги да го поддржат договорот за реформи што тие го предложија. Франција и Германија предложија план за поголема буџетска дисциплина на земјите што го користат еврото.
Повикот доаѓа пред почетокот на Самитот на ЕУ на кој треба да се разговара за начините за справување со должничката криза во еврозоната.
Македонија, пак, од Самитот очекува дали ќе добие датум за преговори.