Уапсен осомничен исламистички милитант во Германија

Илустрација.

Германското федерално обвинителство соопшти дека анти-терористичката полиција уапсила исламистички милитант, осомничен дека е дел од милитантна ќелија што планирала напади во Германија по наредби од Ал Каеда. Според обвинителството, уапсениот 27-годишен германски државјанин продолжил да ги планира нападите и покрај тоа што останатите членови на неговата ќелија беа уапсени пред неколку месеци. Осомничениот, идентификуван како Халил С., е уапсен во градот Бохум.