Медведев и Клаус загрижени за кризата во еврозоната

Претседателите на Чешка и на Русија, Вацлав Клаус и Дмитриј Медведев на средба во Прага.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев се сретна со неговиот чешки колега Вацлав Клаус во Прага. Се очекува да разговараат за економкската ситуација во ЕУ и должничката криза во еврозоната, како и за плановите за противракетниот штит на НАТО.

Двајцата претседатели изразиле загриженост за еврозоната, со оглед дека двете земји се тесно поврзани со заедничката европска валута и покрај тоа што не ја користат.

Клаус му рекол на Медведев дека со оглед на проблемите со еврото, Русија може да размисли да смени дел од своите резерви од евра во чешки круни. Медведев наводно се насмевнал и рекол дека веројатно нема доволно чешки круни за таква размена.

Руската компанија Атомстројекспорт учествува на тендерот за изградба на дополнителни два реактори во нуклеарната централа Темелин во Чешка вреден неколку милијарди долари. Медведев ја истакна поддршката, руската фирма да го добие тендерот.