Попоски на состанок со колегите од НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и земјите придонесувачи во мисијата ИСАФ. На состанокот во Брисел, министрите ќе разговараат за натамошните активности и улогата на Алијансата во Авганистан за време на транзицискиот и пост-транзицискиот период.
Министерството за надворешни работи соопшти дека се очекува на Самитот да бидат разгледани и аспектите на дефинирање на Стратешкиот план на НАТО за Авганистан до и по 2014 година, во контекст на Трајното партнерство на Алијансата со Авганистан.