Санадер на слобода со кауција од 1,65 милиони евра

Истражен судија на Жупаниски суд во Загреб ја прифати одлуката на Уставниот суд според која поранешниот премиер и шеф на ХДЗ, Иво Санадер на 12 декември треба да биде пуштен од затвор и ќе може да се брани од слобода.
Како мерка на претпазливост одземен му е пасошот и забранeто му е да го напушти домот во Загреб.
Судот прифати кауција од 1,65 милиони евра.