Европската Комисија ќе се фокусира на сиромашните земји

Европската комисија соопшти дека донела одлука да скрати од помошта наменета за 19 земји во развој кои треба да ја добијат во 2014 година. Еврокомесарот за развој Андрис Пиебалгс изјави дека одлуката е донесена со цел да се внесе промена во односите на ЕУ со земјите во развој и да се фокусираат на најсиромашните земји во периодот од 2014 – 2020 година. ЕУ е најголем донатор во светот, минатата година одвои 54 милијарди евра за помош на земји во развој , односно учествува со 50 отсто од вкупната светска сума наменета за помош на тие земји.Европската Комисија располага со 20 проценти од таа помош.