Филе - Дали Србија ќе добие кандидатски статус ќе знаеме задутре

Eврокомесарот за проширување Штефан Филе.

За тоа дали Србија ќе добие статус на кандидат за членство во ЕУ ќе треба да го почекаме 9 декември, кога ќе се одржи Самитот на Унијата, изјави денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

„Доколку позитивните настани(на Косово) се случеа порано, во времето кога го објавуваме извештајот на Европската комисија за напредокот, сите, вклучувајќи го и Белград, ќе се чуствуваме подобро. Мислам дека ќе мораме да го почекаме 9 декември за да видиме каква одлука ќе биде донесена“, изјави Филе.