Мексико спречило влез на син на Гадафи во земјата

Ал-Саади Гадафи.

Мексиканските власти соопштија дека откриле и спречиле план, синот на либискиот диктатор Моамер Гадафи, Ал-Саади Гадафи со семејството да влезе во Мексико под лажно име и со фалсификувани мексикански документи. За случајот се осомничени двајца Мексиканци, Канаѓанка и Данец. Планот бил откриен на почетокот на септември, кога Ал-Саади ја напуштил Либија, кратко по соборувањето на неговиот татко од власт. Тој не стигнал до Мексико и се уште живее во Нигер каде што побегнал.