70-годишнина од нападот врз Перл Харбор

Нападот врз Перл Харбор на 7 декември 1941 година.

САД денеска ја одбележуваат 70-годишнината од нападот врз Перл Харбор. Во спомен на 2.400 Американци што загинаа во нападот на 7 декември 1941 година, кога Јапонија изврши изненаден разорувачки напад врз американската пацифичка флота, се закажани церемонии од Перл Харбор на Хаваите до Вашингтон.

Претседателот Барак Обама нареди знамињата на федералните објекти ширум земјата да се симнат на половина копје.

Нападот врз Перл Харбор ги натера САД да влезат во Втората светска војна, иако голем дел од граѓаните се надеваа дека земјата може да го избегне конфликтот.