Расмусен смета дека е корисно Србија да добие кандидатски статус за ЕУ

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен смета дека „ќе биде од корист“ Европската унија да и даде на Србија статус на држава кандидат за членство.

„Нема да се мешам во потезите на ЕУ, но во принцип верувам дека секој чекор кој може да подобри односи меѓу држави во регионот и во евроатлантските структури, меѓу кои и ЕУ и НАТО, ќе биде од корист не само за регионот туку и за Европа во целина, изјави Расмусен одговарајќи на прашањето дали одлуката за доделување кандидатски статус за ЕУ на Србија, би имало добар или негативен ефект за безбедноста во регионот.