Блокирана американската „виртуелна амбасада“ во Иран

„Виртуелната амбасада“ на САД во Иран.

Иранските интернет-корисници информираат дека властите ја блокирале американската „виртуелна амбасада“ во Иран, само еден ден откако интернет страницата беше пуштена во употреба.

Страницата е на англиски и на јазикот фарси.

САД ја отворија „виртуелната амбасада“ со објаснување дека сакаат да допрат до Иранците и покрај отсуството на официјални контакти со државното раководство.

САД ја затворија амбасадата во Техеран и ги прекинаа дипломатските односи со Иран во 1979 година, откако исламистички милитанти и студенти упаднаа во амбасадата и 444 денови држеа во заложништво 52 Американци.