Штрајк на новинарите во Грција

Новинарите во Грција денеска штрајкуваат против мерките за штедење.
Работата денеска ја прекинаа агенцијата АНА-МПА, радиостаниците „Атина 9,84“ и „Канал 1“ и парламентарниот телевизиски канал „Вули“.
Синдикалните лидери информираа дека новинарите протестираат против отпуштањата на свои колеги и против укинувањето на колективните работни договори, за што одговорноста ја сносат работодавачите и владата.
Владата планира да отпушти околу 30.000 вработени, кои ќе бидат префрлени во таканаречената работна резерва или „ на принуден одмор“. Таму тие ќе добиваат 60 насто од своите плати.