Економијата главна цел на посетата на Медведев на Прага

Рускиот Претседател Дмитриј Медведев денеска во Прага ја започнува дво дневната посета чија цел е продлабочување на економската соработка. Руско - чешкиот конзорциум Росатом сака да изгради два нови реакторана централата Темелин и тоа ке биде на врвот на агендата.
Ова е втора посета на Медведев на Чешка. Лани на самитот со американскиот Претседател Барак Обама во Прага го потпишаа новиот договор СТАРТ за намалување на нуклеарното оружје.