Санадер излегува од притвор за неколку дена

Уставниот суд на Хрватска укина одлука на истражен судија на загрепскиот Жупаниски суд за продолжување на притворот на поранешниот премиер Иво Санадер и го врати случајот на повторно одлучување. Адвокатот на Санадер, Чедо Продановиќ изјави дека сега истражниот судија може мерката притвор да ја замени со поблага мерка на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште и јавување во полиција. Тој додаде дека Санадер излегува на слобода на 12 декември. Санадер беше уапсен поради корупција и злоупотреба на функцијата пред една година во Австрија, а на 18 јули беше испорачан во Хрватска.