Времето денеска променливо со врнежи и северен ветер

Времето ќе биде променливо облачно. Претпладне со локални врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура се движи од еден до седум, а дневната ќе биде од четири до 10 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура се спушти до три, а дневната ќе достигне до седум степени.