Турција ја поздрави одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Турција ја поздрави одлуката на Меѓународниот суд на правдата, во која се наведува дека Грција ја прекршила Времената спогодба што ја потпиша со Македонија во 1995 година.

„Ја поздравуваме одлуката на судот во Хаг за која се надеваме дека ќе ги забрза европските и евроатлантските интеграции на Македонија“, се наведува во соопштението од турското Министерство за надворешни работи.

Обединетите нации вчера ги повикаа Грција и Македонија по предудата од Меѓународниот суд да го решат спорот за името.