Богов - Нема простор за паника, пропаста на еврото е речиси неверојатна

Гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

Нема простор за паника и масовно менување на еврото во други валути. Има индивидуални случаи, но тоа не е воопшто од некои поголеми размери, изјави денеска гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

Според него, сценариото за крах на еврото е речиси неверојатно, а доколку се случи, депозитите во евра ќе се конвертираат во валутите кои ќе настанат од еврото по избор на граѓаните.

„Во денари, еврото нема да ја промени својата вредност. Тоа ќе си остане како и сега, така што не гледам никаква опасност за тоа“, потенцира Богов.