Австралија ги прошири санкциите против Иран

Австралија ги прошири санкциите против Иран поради неговата нуклеарна програма. Австралискиот министер за надворешни работи Кевин Руд соопшти дека мерките ќе бидат насочени кон лица и компании инволвирани во иранската програма за балистички проектили и нуклеарна технологија, а се забрануваат и бизнис зделки со иранскиот нафтен и финансиски сектор. Руд оцени дека има индиции оти Иран работи на развивање нуклеарно оружје.