Македонија в петок нема да добие датум за преговори со ЕУ

Министерскиот совет за општи и надворешни работи на синоќешниот состанок во Брисел заклучи, одлуката за почеток на пристапните преговори со Република Македонија да ја разгледа за време на идното, данско претседателство со Европската Унија.
Советот на министрите понатаму нагласува дека добрососедските односи, вклучувајќи го тука и изнаоѓањето заемно прифатливо решение на прашањето за името под закрила на ОН, е од суштинско значење.
Во заклучоците на министерскиот совет усвоени доцна синоќа, се земени предвид оценките на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, според кои земјата „доволно ги исполнува критериумите и препорачува уште еднаш почеток на пристапните преговори“.
Советот, како што се наведува во заклучоците, со нетрпение очекува дијалогот на високо ниво меѓу Македонија и Грција наскоро да донесе резултати.
Заклучоците на Министерскиот совет ќе се најдат на Самитот на ЕУ в петок во Брисел.