Пападимос - Грција е подготвена за продлжување на преговорите за името

Премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Лукас Пападимос.

Атина постојано се залага за развој на добрососедските односи со Скопје и ќе продолжи да работи во таа насока, изјави денеска грчкиот премиер Лукас Пападимос во врска со пресудата на Меѓународен суд на правдата по тужбата на Македонија.

„Грција во многу наврати го поддржуваше европскиот курс на Скопје, но предуслов за целосно нормализирање на односите е постигнување на заемно прифатливо решение во врска со името на пораншната југословенска Република Македонија. Грција и натаму останува цврсто на ваквата позиција и по одлуката на Меѓународниот суд во Хаг“, рече Пападимос.

Тој нагласи дека Грција е подготвена за продлжување на преговорите за спорот околу името под покровителство на ОН, останувајќи на ставот за прифаќање на име за севкупна употреба.