Петмина цивили загинаа во бомбашки напад во Авганистан

Архивска фотографија: Повредени во бомбашки напад во Авганистан.

Петмина цивили загинале во експлозија на бомба во јужен Авганистан, соопштуваат властите. Загинале една жена и четири деца, а шестмина патници се повредени кога експлодирала бомба покрај патот и го погодила минибусот во кој се возеле. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.