Ахмети - Во Хаг нема победници, преговорите за името да продолжат

Лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Нема победничка страна во однос на пресудата од Хаг во целата состојба. Ние сме соседи и треба да ги продолжиме преговорите, изјави денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Ние сме во постојани контакти со европските институции и не еднаш сме истакнале дека членството во ЕУ и НАТО значи сигурност и гарантира мир и наша цел е што поскоро да станеме членки“, изјави Ахмети.