Во Бон конференција за иднината на Авганистан

Во Бон денеска почна конференција посветена на иднината на Авганистан по повлекувањето на НАТО во 2014 година. На отворањето на состанокот, шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле изјави дека Авганистан не би требало да биде заборавен и побара од меѓународната заедница да и даде континуирана практична и финансиска поддршка на таа земја до 2021 година. На конференцијата учествуваат претставници на 85 земји, меѓу нив авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, американскиот државен секретар Хилари Клинтон и шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи.