Активисти на Гринпис упаднале во француска нуклеарка

Организацијата Гринпис соопшти дека нејзини активисти упаднале во француската нуклеарна централа која се наоѓа на 95 километри југоисточно од Париз. Во соопштението се додава дека тоа било направено со цел да се докаже дека не постои целосно безбедна нукеарна централа. Француските власти јавија дека во централата влегле деветмина активисти од кои седуммина биле приведени. Три четвртини од електричната енегија Франција ја добива од нуклеарните централи.