Партијата на Путин победи, но со намалена поддршка

Единствена Русија на премерот Владимир Путин освои околу 50 проценти од гласовите по пребројувањето на 75,25 проценти од гласовите на изборите за долниот дом на рускиот парламент. На претходните избори Единствена Русија освои 64 проценти од гласовите. Во Државната Дума ќе влезе и Комунистичката партија на Русија,Праведна Русија и Либерално демократската партија.