Парламентарни избори во Хрватска

Лидерите на опозициската коалиција „Кукурику“, која се очекува да победи на денешните парламентарни избори.

Хрватските граѓани денеска гласаат на парламентарните избори. Околу 4,1 милион жители на Хрватска, како и уште околу 400.000 хрватски државјани кои живеат во странство, од кои најголемиот дел од Босна и Херцеговина денеска избираат 151 член на Саборот. Според анкетите, владејачката конзервативна Хрватска демократска заедница(ХДЗ) ќе доживее тежок пораз на изборите.