Италијанската полиција заплени камион со оружје од Словенија

Италијанската полиција заплени денеска камион полн со калашникови,експлозиви и муниција.Камионот од Словенија влегол во Италија а возачот е приведен. Италијанската финансиска полиција соопшти дека возачот е 32 годишен словенец, кој бил приведен кога камионот ја преминувал границата во близина на Трст.