Трети декември денот на лицата со хендикеп

Во Македонија денеска се одбележува Меѓународниот ден на лицата со хендикеп - 3 декември. Во тие рамки во МВР се спроведуваат активности за одбележување места за паркирање за лицата со хендикеп, а ќе се изработи и правилник за нивно користење.
Во завршна фаза е проектот за опремување на Железничката станица во Скопје со соодветен пристап, тактилни патеки и сите потребни прилагодувања за да можат да го користат сите жители без оглед на здравствената или телесната состојба во која се наоѓаат