САД: невработеноста на најниско ниво од 2009

Невработеноста во Соединетите држави во ноември падна на 8,6 проценти, што е најниско од март 2009 година. Министерството за труд денеска објави податоци во кои се наведува дека бројот на вработените порасна за 120 илјади. Тоа би требало да ја поттикне потрошувачката што е клучно за заздравување на економијата.