Иранските дипломати ја напуштаат Британија

Иранската амбасада во Лондон

Иранските дипломати денеска ги напуштија нивните канцеларии во Лондон откако Британија нареди затворање на амбасадата по упадот на ирански демонстранти во британската амбасада во Техеран пред неколку денови. Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг во средата им нареди на дипломатите да ја напуштат Британија во рок од 48 часови.