Пакистан ќе возврати на нападите на границата со Авганистан

Пакистанската армија им даде дозвола на командантите на единиците распоредени на границата со Авганистан да возвратат на огнот доколку бидат нападнати. До ова доаѓа како одговор на нападот на НАТО врз пакистански позиции на границата на 26 ноември кога беа убиени 26 пакистански војници. Тоа во Пакистан предизвика протести против НАТО и Соединетите држави. Соединетите држави и НАТО изразија жалење за убиените, наведувајќи дека во тек била истрага за инцидентот.