Од фалсификуваните патарини штетата 2 милиона евра

Групата која противправно присвојувала пари со фалсификувани фискални сметки од наплатата на патарините на Коридорот 10 била составена од
92 лица, од кои 88 инкасанти, а останатите раководители или нивни заменици во одделението за наплата во Македонија пат. Директорот на бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски информира дека во акцијата која траела година и пол биле употребени повеќе истражни мерки. Тој рече дека полицијата навлегла во компјутерскиот систем преку кој го гледале начинот на изработка на сите фалсификувани сметки, а имало и прикриен агент. Тие го оштетиле државниот буџет за околу два милиона евра.