Мал извоз и на исти пазари, клучен проблем за Македонија

Конкурентноста на економијата е исклучително значајна и од неа зависи економскиот раст на мала земја како Македонија. Анализата на македонскиот извоз покажува дека го вршат пет проценти од вкупниот број компании, се извезуваат многу мал број производи и на исти пазари. Она што порачуваат од Светската банка е поголема поддршка на извозот, странски директни инвестиции, иновации и продалбочување на спроведувањето на подобрувањето на деловната клима.
Ова го посочија учесниците на денешната презентација на првата студија што Светската банка ја изготви на барање на македонската Влада, а која треба да помогне во идентификување нови мерки за зајакнување на економскиот раст и извозот на земјата.