Во Албанија убиен уште еден бизнисмен

Едно лице било убиено, а две други ранети во синоќешниот напад со автоматско оружје во центарот на албанскиот град Фиер. Убиен бил локалниот бизнисмен Спартак Спахо, а ранетите, од кој еден во критична состојба, случајни минувачи. При аутопсијата е утврдено дека тој бил застрелан со 10 куршуми. Спахо бил сопственик на ресторан во Фиер, а од неодамна почнал да се занимава и со градежнишво. Ова е второ убиство на албански бизнисмен за помалку од еден месец. Кон средината на ноември во албанскиот пристанишен град Драч беше убиен 35 годишниот Гентиан Згури. Од почетокот на годинава регистрирани се најмалку шест убиства на албански бизнисмени.