Советот за човекови права при ООН ќе заседава за Сирија

зградата на ООН во Женева

Советот за човекови права при Обединетите нации денеска ќе одржи вонртеден состанок за конфликтот во Сирија. Средбата во Женева се организира по објавувањето на извештај на независна комисија на светксата организација во кој се забележува дека сиријските безбедносни сили извршиле злосторства против човештвото, вклулувајки егзекуции, силувања и тортура, откако во март почнаа протестите против претседателот Башар ал Асад. Пред состанокот Комесарот за човекови права Нави Пилај изјави дека Обединетите нации проценуваат дека повеќе од 4.000 лица загинале од почетокот на конфлитот во земјата.