Одобрени нови санкции против ирански компании

централната банка во Иран

Сенатот на Соединетите американски држави едногласно ги одобри новите санкции против ирански финансиски организации кои соработуваат со централната банка во Иран, институција која е надлежна за приходите од нафтата. Со 100 гласа за и ниту еден против, мерката сега треба да се усогласи со останатите легислативи пред да се испрати до претседателот Барак Обама за негово одобрение или вето.